Мојата кујна

Едноставен и брз рецепт за Крем карамел

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 30гр шеќер за карамелизирање

* 2 пакетчиња ванила

* 8 лажици шеќер

* 10 јајца

* 1л млеко

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Ги матиме јајцата и шеќерот, па го додаваме млекото. Потоа ја додаваме и ванилата.
  • Го карамелизираме шеќерот и го распределуваме во формички, во кои ќе ја печеме кремата.
  • Откако карамелот ќе се излади, ја додаваме смесата од јајца.
  • Ги ставаме формичките во плех со многу вода и печеме на умерен оган околу 30 минути.
  • Водата не смее да зоврие, бидејќи кремот ќе стане шуплив. Ако започне да врие, веднаш додадете ладна вода.

Write A Comment