Ако сте загрижени за ситните линии и брчки, својата вообичаена нега на кожата можете да ја надополните со природни и делотворни третмани. Ќ е ви прокажеме еден еденоставен рецепт зља маска која брзо и лесно ќе ја затегне вашата кожа.
Ќе ви бидат потребни – зелен чај, сода бикарбона и мед.
После уживањето во чаша зелен чај, од остатокот направете маска за лице. Чајот ослободете го од вреќичката во случај да сте направиле чај од вреќичка. Измешајте еднаква количина зелен чај, мед и сода бикарбона. Измешајте добро да се соедини, па нанесете на исчистено лице, избегнувајќи го подрачјето околу очите.
Зелениот чај и медот ја затегнуваат кожата, а медот помага и во подмладување. По 20 минути маската нежно измијте ја. Содата и чајот ќе делуваат како нежен пилинг, по што вашата кожа ќе биде мека и блескава.
