Многу вкусна, но и многу едноставна за подготовка – Lady Di тортата ќе стане ваш фаворит веднаш штом ќе ја пробате. Не е потребно да се пече, а само за половина час ќе имате супер десерт.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 7,5дцл млеко
* 3 пудинга од ванила
* 350гр шеќер
* 1 путер
* 300гр бисквити
* 300гр мелени ореви/лешници/кокос
* 4-5 банани
* 500мл крем за шлаг
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Соединете ги пудинзите со шеќерот и сварете ги во млекото. Откако ќе се изладат додадете го путерот и искршените бисквити. Додадете ги и бананите исецкани на парчиња и по избор 300гр ореви/лешници или кокос. Состојките добро соединете ги. Ставете ги на некоја подлога и формирајте облик. Украсете ја тортата со шлаг.
