Убавина

Ефикасна домашна филм-маска за чистње на порите на лицето

Убаво е кога кожата на лицето е чиста а порите се неприметни. Меѓутоа, многу од жените мака мачат со проширени пори на лицето, акни и митесери кои го расипуваат изгледот, бидејќи таквата кожа не изгледа ни малку привлечно. Предлагаме да ја испробате оваа ефикасна маска- филм за чистење на порите на лицето. За подготовка на оваа маска ни е потребно

-половина лажичка желатин

-1 супена лажица млеко (вода )

-половина од голема таблета на активен јаглен ( или една мала )

-тврда четка

Таблетата од јаглен ја толчиме, ја промешуваме со желатинот и додаваме млеко (вода).

Темелно промешуваме ( ништо не се раствора-така и треба )и ја ставаме во микробранова на 15 секунди или ја загреваме на водена пареа.

Ја вадиме, малку ја оладуваме и веднаш ја нанесуваме на испарена кожа на лицето ( носот, брадата.. ) сето тоа го правиме после капење.

Со тврдата четкичка ги натапкуваме на порите, и потоа нанесуваме тенок слој на проблематичните зони. Чекаме да се исуши потполно (дваесетина минути) и ја тргаме маската ( се трудиме да ја тргнеме целата одеднаш во едно парче ).

Нанесуваме хранлива крема. Одлично чисти и ги стеснува порите. Реултатот е видлив веднаш! Исто така пробајте и гел за туширање со активен јаглен, кој не само што совршено ќе ја исчисти кожата, туку и ќе ја направи негувана и хидрирана.

Бидете убави !

Напиши коментар