Убавина

Ефикасна домашна маска за затегнување на лицето. Природен ботокс

Ако сте приметиле на вашето лице нови брчки и траги од зaмор, ви предлагаме да си направите дома, маска против брчки. Не само што е економична туку и нејзинот ефект е еквивалентен на далеку познатиот ботокс. Маката е потполно природна, и впрочем ја затега кожата и подобро од ботоксот.

За припрема на оваа маска ви е потребно :

-густин 1 лажица

-свежо исцеден сок од морков 5 лажици

– 1 лажица кисела павлака

Начин на подготовка : Во половина чаша вода се раствора густинот. Истурете го во сад и додадете 400 мл зовриена вода. Ставете го на шпорет и варете го на тивок оган додека не се згусне. Потоа кога смесата ќе се олади, додадете го сокот од морков и павлаката. Добро измешајте и нанесете ја на претходно исчистено лице нека одстои 25-30 минути. Маската измијте ја со топла вода и нанесете на лицето некој хранлив крем за лице. Доколку ви останало од количината за маската ставете ја во фрижидер. За подобар ефект маската се нанесува 3 дена по ред. Таа така фино ги одстранува трагите од замор и брчките, кожата станува затегната, фина и мазна. Ја хидрира кожата и делува скоро како познатиот ботокс. Овој третман е одличен за кожата на лицето, ако се подготвувате за излегување, состанок, или прослава, бидејќи ефектите на маската се видливи веќе после првиот третман.

Бидете убави!

5 Коментари

  1. Poslednata sostojka sto e potrebna za ptipremanje na ovaa maska posuva samo 1lazica …..à sto ???Moze li da mi go napisate uste ednas site potrebni sostojki vi se molam .. Blagodaram

Напиши коментар