Доколку вашето дете го мачи кашлање практично цела зима – не се двоумете и пробајте да ја направите оваа волшебна маст!
Се подготвува многу лесно, се состои само од две состојки, но е мошна делотворна. Пред се, е безбедна за вашето дете, убаво мириса, а за нејзина подготовка се потребни само десетина минути.
За подготовка на оваа мас ќе ви биде потребно:
*50гр прополис
*50мл сончогледово масло
*емајлиран сад за водена пареа
Прополисот можете да го набавите кај проверени пчелари или во специјални продавници и аптеки. Може да биде во разни облици, мек, во парчиња, различни бои – од светла до темно кафена. На топлина тој омекнува и изгледа како пластелин, а пак на ладно станува тврд.
Подготовка:
– Во емајлиран сад ставете го маслото и во него ставете прополис

– Садот ставете го во друг сад и топете го полека на водена пареа, на тивок оган, се додека прополисот не стане мек. Тоа се случува прилично брзо.

– Процедете и ставете во соодветна тегла.

– Изладете ја
Како резултат добиваме лековита домашна маст со убав мирис.
Маста втривајте ја на градите, грбот и нозете, 2 пати во текот на денот.
Кај силно кашлање може да му давате на детето по ¼ лажичка од маста дневно, да проголта или растопете ја во топло млеко и дајте му ја да ја испие.
Бидете здрави и вие и вашето дете!
