Шри Ланка е земја која со својата мистичности егзотичност заведува и мами светски патници веќе векови наназад.
Марко Поло ја опишал како најфиниот остров кој го прави светот голем и фансцинантен во споредба со индиските, арапските и европските традиции.
Многу од авантуристите ги привлекле ретките врсти на драги камења и величенствени слонови.
Шри Ланка се наоѓа во близина на Екваторот во прекрасните води на Индискиот океан. Островот важи за место познато по легендарни природни убавини и магијата е тоа што туристите ги тера повторно да се вратат назад.
Романтичен и интересен, земја во облик на бисер, името го добила од раните арапски трговци и се нарекувала Шерендиб, што значи мир!

