Луксузниот Constance Belle Mare Plage ресорт се наоѓа на прекрасна бела песочна плажа, во задскриената лагуна на Маурициус…
Изграден е во традиционален стил, но сепак луксузен. Овој ресорт на своите гости им нуди широк асортиман на комфортни можности и претставува совршена дестинација за одмор од секојдневните проблеми. Constance Belle Mare Plage се наоѓа на плажа долга два километри, а во својата понуда има шест различни типови на соби. Во склоп на овој ресорт, се наоѓаат два терени за голф, седум ресторани и шест барови. Хотелот е многу романтичен и совршен за парови, но одговара и за семејства.
Главниот влез е првиот елемент на овој луксузен и егзотичен ресорт кој гостите ќе ги остави без здив, заради сцената која се појавува пред нив. Се протега совршен поглед на инфинити базнот, како и на плажата со бескрајно море… Овој прекрасен ресорт има многу места на кои можете да се изолирате од другите гости и да го пронајдете потребниот мир и тишина. Секој од седумте барови и ресторани ви нуди различна атмосвера и шаренолико мени, во кое ќе уживате.
Еден од баровите се наоѓа веднаш до базенот, додека еден од најромантичните ресторани е сместен на самиот крај на овој комплекс. Хотелот во својата понуда има и голем број на активности, а повеќето од нив се бесплатни. Ова е совршено место во кое можете да се опуштите и да уживате во животот.


















