Мојата кујна

Експрес колач

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 јајца

* 50гр шеќер

* 50мл слатка павлака

* 3 лажици путер

*110гр брашно

* 1 лажица пециво

* 1 ванилин шеќер

* 3-4 лажици несквик за млеко (или некое друго какао)

* нутела по вкус

* шеќер во прав за попрскување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги јајцата и шеќерот, па додадете го стопениот путер, слатката павлака и ванилата. Потоа додадете го брашното и пецивото. Соединете. Смесата поделете ја на два еднакви дела. Во помал коцкаст плех, обложен со хартија за печење, ставете го првиот дел од смесата. Ставете го кратко да се испече на 180 степени, па полиете го со несквик за млеко. Одозгора ставете го и вториот дел од смесата. Вратете во рерна и печете уште 15 минути. Готовиот колач исечете го на три еднакви делови. Првиот дел намачкајте го со нутела, па поклопете го со вториот дел. Вториот дел намачкајте го со нутела па поклопете го со третиот. На крајот попрскајте со шеќер во прав.

Напиши коментар