Со локација во познатиот Oriole дистрикт, на најбараната улица Bird, оваа екстравагантна дизајнерска вила има совршен поглед на Лос Анџелес и беспрекорен луксуз…
Се што се наоѓа во оваа вила е сведок на екстремна количина на внимание посветено на деталите на дизајнот и самата конструкција.. Едноставните линии и отворените простории се нагласени со употреба на стаклени ѕидови, кои овозможуваат јасен премин помеѓу ентериерот и екстериерот, додека материјалите и погодностите на оваа вила се олицетворение на луксузот. Мебелот, во ентериерот и екстериерот, прилагоденото осветлување, врвни кујнски апарати, уметнички дела – ништо не е одбрано случајно, туку со цел креирање на совршен амбиент.
Оваа вила има пет спални соби и десет бањи, од кои мастер бањата е најимпресивна, со неверојатен поглед нжкон базенот и кањонот. Во склоп на вилата се наоѓаат и во целост опремена теретана, соба за масажа, врвен подрум со бар, покрај големата гаража со довоно места за 8 автомобили.
Овој луксузен имот во моментот се продава по цена од 38 милиони долари.