Sweet Home

Елегантен апартман на поткровје од стара зграда

Поткровјето на стара зграда не е ни најмалку едноставно за реновирање, но со малку труд може да биде одлично место за млади парови…

Архитектонско студио од Прага се погрижило од неугледно поткровје да создаде вистинска оаза на елеганција и луксуз.

Светли тонови, минимален број на прачиња на мебел и необични детали го прават овој простор во исто време елегантен и многу едноставен.

Како контраст на белината која преовладува во станот, бањата е уредена во црна боја со детали кои изобилуваат со елеганција.

Голема аголна гарнитура е сместена во аголот на станот, идеална за попладневно уживање, а кујната со мини терпезарија се наоѓа веднаш во продолжение. Можеби овој простор нема да ви идгледа многу голем, на прв поглед, но се состои од два дела до кои се доаѓа со необични цик-цак скали.

Погледнете ја галеријата и сигурно ќе пронајдете интересни идеи за својот дом!

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

Напиши коментар