Sweet Home

Ентериер кој ги задоволува сите сетила

Успешната декорација на домот е она која ги обединува основните принципи на дизајнот и петте  човекови сетила.

Вклучувањето на сетилото за вид, допир, мирис, вкус и слух во уредувањето на внатрешниот простор се битни елементи кои местото за живеење го прават да биде дом и амбиент кој смирува, храни и го одмора вашето тело и душа.

Допир

Исполнете го вашиот дом со материјали пријатни  за допир. Кога купувате тапациран мебел, поминете со рака преку неговата површина и проверете дали ви е пријатно кога го допирате тој материјал.

Вид

Стварите кои убаво изгледаат  нè прават среќни и поради тоа е важно нашиот дом  визуелно да го исполниме  со привлечни елементи. Некои притоа ќе користат нежни, неутрални бои додека други пак би го обоиле својот со живи,  отворени бои. Важно е да се изберат бои и украсни елементи  кои ќе одговараат на Вашата личност и кои Вашето живеење ќе го направат попријатно.

Мирис

При креирањето на добриот ентериер, мирисите играат многу важна улога. Мирисите кои ви се омилени можете да ги внесете во Вашиот дом во облик на свеќи, освежувачи за простории, прашок за алишта и други средства за одржување на хигиената во домот.

Слух

Декорацијата на просторот со одредени звучни елементи ќе ве смири и ќе придонесе да се чувствувате удобно во својот дом. Звукот од вода која тече, шумолење на таласи или пак дожд ќе не релаксираат додека гласните и ненадејни звуци предизвикуваат стрес.

Вкус

Декорацијата на домот според сетилото за вкус може да звучи чудно, но и дефинитивно изводлива. За декорирање можете да користете овошје и зеленчук –  значи декор кој позитивно делува на  Вашата исхрана а со тоа и на Вашето здравје. Научно е докажано дека поедини бои поволно влијаат на апетитот, па со таа причина се препорачуваат за во кујните и трпезариите.

Write A Comment