Убавина

Есенската шминка за русокоси и бринети (Видео)

Есенската шминка има свој посебен шарм. Палетата на бои колку што може да биде широка, толку е и селективна. За разлика од летото кога речиси секоја боја ви е дозволена, сега треба да ја одберете вистинската.

Ако не можете да се одлучите, добро е да се раководите според тенот или бојата на коса.

Различна е есенската шминка за русокоси и за бринети.

Русокосите треба да имаат помирни и посветли тонови, додека бринетите може да си играат со темните нијанси на кармини.

Предлог шминка за русокоси:

Нанесете пудра во нијанса на вашата кожа, истакнете ги јаболчниците со нежна розева боја. Веѓите задебелете ги со моливче во соодветната нијанса, а на очните капаци нанесете прво мат сенка во светло розева боја.

На аглите на очите нанесете темнорозева боја со светки и добро изедначете ја со четката, а потоа аглите на очите исенчајте ги со сјајна светлорозева сенка. Исцртајте ги очите во сиво-кафена боја која совршено се вклопува со русата коса.

Нанесете два слоја црна маскара, а на усните ставете моливче со боја на потемна пудра.

Погледнете го видеото:

Write A Comment