← НАЗАД НА БОЗА

Ештон Качер и Мила Кунис официјално ќе станат родители!

Ештон Качер и Мила Кунис официјално ќе станат родители!
622 Читања

Неодамна се пуштија муабети, а сега е веќе официјално: Мила Кунис и Ештон Кучер ќе станат родители.

Холивудскиот пар неодамна ја круниса својата љубов со свршувачка, сè уште ја нема прозборено за бременоста, но странските медиуми од различни извори потврдија дека 30-годишната актерка е бремена со првото дете.

„Двајцата се многу, многу среќни“ – изјавил близок на парот за списанието „People“.

За време на викендот, филмските ѕвезди присуствуваа на кошаркарски натпревар во Лос Анџелес, каде беа „принудени“ да се бакнат откако камерата ги улови во публиката.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk