ШоуБиз

Ева Мендес е бремена?

Гласините упорно тврдат дека Ева Мендес е во очекување на своето прво дете. Латино актерката е бремена во почетните месеци од партнерот Рајан Голслинг, со кого веќе долго време е во врска.

Во последно време Ева постојнао носела развлечена и широка гардероба, што е крајно нетипично за неа. Запознаени откриваат дека стомечето и пораснало и веќе колку и да ја крие бременоста, таа се гледа.

Освен тоа, за време на викендот 38-годишната Ева Мендес одбила да помине низ скенер на аеродромот во Лос Анџелес, а како причина на полицијата и рекла дека е бремена.

Write A Comment