Во оваа куќа покрај култниот „Кум“, исто така, се снимени и сцени од филмот „Телохранител“ со Витни Хјустон и Кевин Костнер. Имотот се простира на шест хектари земја, а вилата има 30 спални соби и 40 бањи, како и библиотека на два ката, спа и голема дневна просторија, голем базен, билијард сала и многу други простории.
Беверли Хилс Компаунд е името кое го носи ова земјиште, порано беше во сопственост на новинарскиот магнат Вилијам Рандолф Херст и актерката Мерион Дејвис.
Легендарната филмска вила сега ја продава финансискиот експерт Леонард Рос, кој во 1976 ја купи за два милиони евра.

