Башкар Сомани, хирург на Одделението за урологија во Општата болница во Саутемптон вели дека недостатокот на свест од опасноста од дехидратација може да донесе до појава на камен во бубрегот, а на лекарите за помош околу овој проблем им се јавуваат и лица кои се во дваесеттите години од животот.
Каменот во бубрегот настанува кога кристали од сол се соединуваат, и телото не може да ги исфрли преку природен пат поради дехидратација. Често се заглавуваат во мочните канали.
Можат да предизвикаат големи болки во стомакот, а во голем број случаи, може да помогне само операција.
Погодени се 10 до 20 проценти од мажите и од 3 до 5 проценти од жените на возраст помеѓу 30 и 60 години.
Дури 50 проценти од пациентите во Велика Британија кои се лекуваат, повторно добиваат камен во бубрег после 10 години.
Сомани вели дека тоа би можело да се спречи доколку секоја возрасна личност пие од 2 до 3 литри вода дневно, додека пациентите кои веќе еднаш имале камен во бубрег треба да пијат повеќе од 3 литри.
