Еднаш, една група мажи разговарале на темата: Како изгледа најубавата жена на светот? Едениот од нив сакал црни, очи како јаглен, со огнен поглед. Другиот пак сакал сини очи, бескрајно длабоки, како небото. На третиот најдраги му биле кафените очи, толи и насмеани… а за косата, едниот велел дека поубави се жените со кратка коса, а другиот тврдел – со долга, која паѓа преку рамената. Едните се воодушевувале на оние со високо, величествено држење… а другите на нежни и елегантни фигури.
И секој од нив мислел дека неговото мислење и опис се најточни и не престанувал да ги убедува оние другите во исправноста на својот суд. На крајот, сепак виделе дека никако неможат да дојдат до заедничка согласност и решиле да одат кај еден мудар човек и да го слушнат неговото мислење:
“Почнавме да полемизираме”, рекле тие, “и никако не успеавме да се разбереме. Кажи ни ти, мудар човеку, која жена е најубава на светот?”
Старецот долго гледал во белите врвови на далечната планина, одвреме навреме насмевнивајќи се… и на крајот одговорил со овие зборови:
“Најубавата жена на светот е онаа која ја сакаш”
