Дали некогаш сте се запрашале кои се вистинските потреби на децата чии родители одлучиле да се разделат? Погледнете што тие би им кажале на своите родители кога би биле потполно искрени и доволно зрели објективно да ја согледаат ситуацијата.
За време на разводот, без разлика дали е тој турбулентен или не, најмногу внимание се посветува на потребите и желбите на родителите. Се разделуваат бидејќи љубовта поминала, ги делат работите и спомените, но и децата. Следуваат разговори околу старателството, договори, а детето, ако е постаро, учествува во ова важно поглавје од животот на мајаката и таткото, само да одлучи со кого ќе живее.
Меѓутоа, колку од родителите ќе се сетат да го прашаат детето како се чувствува и за што размислува? Писателката Онори Кордер, во својата книга “Ако е разводот игра, ова се правилата” објавила интересно писмо, напишано од гледна точка на детето чии мајка и татко одлучиле да се разделат.
Драги мама и тато,
Јас разбирам дека нешто се случува, но навистина не знам што. Животот се промени, и јас се плашам од смртта и несигурен сум за иднината. Родители, ова ми е потребно:
* Сакам и двајцата да бидете дел од мојот живот. Кога не сум со вас, ве молам, пишувајте ми, јавете ми се на телефон и поставувајте ми многу прашања, бидејќи во спротивно ќа се чувствувам како да не сум важен и како да не ме сакате.
* Морам да ве видам. Одвоете време за мене, без разлика на тоа колку сме оддалечени или колку сте зафатени или сиромашни.
* Ми недостига кога не сме заедно. Кога не сте ми во близина, помислувам дека сте ме заборавиле и дека не ме сакате.
* Потребно ми е да престанете да се карате и да се потрудите да се слагате еден со друг. Пробајте да се слагате во врска со прашањата кои се однесуваат на мене. Кога се карате поради мене, мислам дека нешто сум згрешил и се чувствувам виновен.
* Сакам да чувствувам дека и двајцата ме сакате. Сакам да чувствувам дека е во ред да ми биде убаво во друштво и со едниот и со другиот. Ве молам поддржете ме. Ако се однесувате љубоморно или тажно, ќе чувствувам дека треба да завземам нечија страна и едниот од вас да го сакам повеќе.
* Потребно ми е да пронајдете начин позитивно и директно да разговарате еден со друг за мене. Ве молам, не ме ставајте помеѓу вас и не ме користете како гласник.
Потребно ми е да зборувате убави работи еден за друг, бидејќи јас сум половина од секој од вас и ве сакам подеднакво.
Ми требаат двајца родители. Ве молам не заборавајте дека сакам и двајцата да бидете дел од мојот живот. Сметам на вас да ме воспитате, да ме научите што е важно и да ми помогнете кога имам проблеми.
Ви благодарам.
Вашето дете
