Motherhood

Еве што се случува со телото на жената по породувањето

Кога вашето дете ќе дојде на овој свет, ќе се чувствувате исцрпено, целото тело ќе ве боли, а поврзаноста со новороденчето нема веднаш да се почувствува. 

Вагиналното крварење трае од четири до шест недели, а се јавува и по царски рез. Обично не е обилно како по вагиналното породување, но трае еднакво долго.

По породувањето жената се чувствува многу уморно и исцрпено, како физички така и психички. Контракциите продолжуваат за постелката да излезе од телото и овој процес е исто така болен. Потоа жената останува уште два часа во породилната сала за да се следи крварењето и враќањето на матката, па дури тогаш се префрла во соба. Важно е жената по породувањето да внесе течност, да се редехидрира, а по неколку часа се започнува со полесна исхрана.

Поради напорот, но и поради хормоните што се уште дивеат, прекумерно ќе се потите. Ако сте се породиле со царски рез, знајте дека раната ќе ве боли на секое движење.
Повеќето жени се шокираат колку стомакот после породувањето останува голем. Но не грижете се, матката постепено ќе се враќа во првобитната состојба.

Многумина очекуваат магија при првиот допир со бебето. Но тоа не е така. Уморот, возбудувањето и хормоните го прават своето, па дури по неколку часа ќе станете во целост свесни дека сте мајка.

Write A Comment