Motherhood

Еве што треба да знаете доколку сакате да имате среќно дете!

Како родителите треба да ги дисциплинираат децата? Истражувањата покажуваат дека родителскиот пристап кој има најмногу позитивно влијание е тој во кој поставуваме ограничувања, но ги поттикнуваме разговорот, договорот и разбирањето. Клучот на позитивното родителство е доследноста. Тоа значи: не го зборувајте тоа што не сакате или не можете да го спроведете и исполните. Најдобар начин да им поставите правила на вашите деца е тие да станат семејни правила.

Заедно со вашите деца работете на воспоставување правила и последици. На тој начин децата не само што ќе ги разберат правилата, туку и сами ќе ги поставуваат.

Ваша работа е веднаш и доследно да реагирате и да ги спроведете договорените последици, кога правилата се прекршени.

Важно е и јасно да ги дефинирате правилата. На пример, ако сакате детето да ја одржува собата уредна, мора точно да дефинирате што за вас значи уредна соба. Може да ве изненади колку погрешно правилата би можеле да бидат сфатени ако не се јасно одредени.

Родителите мора да бидат единствени во настапот. Расправајте и одлучете пред да му го пренесете тоа на детето. Лекцијата која вашето дете учи во тој процес е непроценлива. Ако еден родител одлучи да го прекрши правилото, цел процес паѓа во вода.

Однесувајте се во склад со правилата (следете го оно што го заговарате). Вие сте им на вашите деца пример на прикладно однесување. Ако од време на време скршнете од патот, бидете искрени кон децата. Сите правиме грешки, а тоа што ја прави разликата е начинот на кој се носиме со нив и ги решаваме. Тоа е важна лекција која можете да им ја пренесете на децата.

Ви сте најважните личности во животот на вашите деца. Важно е тоа што го зборувате и го правите. Работејќи со децата на креирање на структурирано и предвидливо опкружување ќе им осигурате среќно и здраво растење.

Write A Comment