До сега сме виделе какви ли не оригинални идеи на предлог за брак, но Џастин е дефинитивно еден од нашите фаворити!
Вљубениот маж направи цел филм, за да ја побара раката на Емили. Тој учествуваше во радио пренос, пееше, танцуваше, се најде во акција, отиде до гробот на татакото на својата љубена… И сето тоа, за да го добие нејзиното: “Да”!.
Емили ја набљудуваше целата авантура сама, во ресторан, резервиран специјално за тој повд, и не можеше да им поверува на своите очи. Додека Џастин не влезе и не клекна пред неа со прстен во раката…
Кажете – зар има жена која би одбила таков предлог? Дури и да не била сигурна дека тоа е мажот за неа, по такво доживување сите сомнежи исчезнуваат.
Ви го претставуваме видеото кое ги запечати оние нешта кои ако не ги видиш со своите очи, нема да веруваш дека се можни.
Па, можно е! Возможно е еден маж да е толку романтичен и да го направи невозможното, за да ја добие раката на жената со која избрал да го сподели својот живот.
И, девојки, специјално кон вас – нека тоа ви напомни дека ја заслужувате онаа љубов за која сонувате. Принцовите постојат, па не се помирувајте со коњот!