Водата тече по нашето тело, топлина, водена пара, акустична просторија, чувство на сигурност и опуштеност се само некои од факторите кои ги објаснуваа големиот број на чудни звуци кои се слушаат од бањите!!!
Професорот Graham Welch од “University of London” го проучува развојот и здравствените аспекти на пеењето повеќе од 30 години.
Здравствените користи од пеењето се и физички и психолошки. Од физичките се дава акцент на зголемениот дотур на кислород во крвотокот и зголемената активност на мускулите во горниот дел на телото. Од психолошките се спомнуваат сманувањето на стресот со помош на ендокриониот систем кој е поврзан со емоционалната благосостојба.
Зашто многу луѓе пеат пот туш?
Тешко е да се издвои само еден но овие 2 се клучните!!!
1. Бањата има одлична акустика
Вашиот глас во бањата изгледа прекрасно… Признајте !!!
Бањата е мала просторија која го задушува звукот, затоа тој е побогат односно поквалитете. Па често се случува да се изненадите и самите себе со Вашиот „неоткриен“ пеачки талент!!!
2. Бањата е идеалното место за опуштање
Топлата вода, светлото, пријатните мириси и чувството на Ваш мал универзум, потполно ве разоружат од проблемите.
Под туш телото и умот одат во друга димензија, човекот си создава свој мал свет во кој постои само неговото уживање , кое најчесто се изразува преку пеењето.
Затоа пејте додека ве држи гласот…
Комшиите сигурно ќе имаат разбирање и ќе бидат изненадени од вашите пеачки способности!!!!