Дестинации

Еве зошто е ова најубавиот остров во Европа!

World Travel Awards повторно го прогласи Мадеирa за најубав остров во Европа заради неверојатната природа, природните базени од магматски карпи, прекрасните карпи кои гледаат на океанот и шармантните градчиња. Погледнете зошто е ова желба на многу туристи.

Мадеира, која се наоѓа во Португалија, е најголем остров  на истоимениот архипелаг, во кој се наоѓаат и Porto Santo и Desertas. Просечната температура тука изнесува 22 степени во лето и 18 во зима, што значи дека тука владее вечна пролет.

Тука постојат и природни базени од магфматски карпи.

Мадеира е преполна со прекрасни плажи, како што е Калета. Водата е чиста и мирна – совршена за пливање или нуркање и истражување на морските длабочини.

Најдобар начин да го истражите островот, е да го обиколите со брод. Секако, и погледот кој се шири од највисоките делови на островот е спектакуларен.

Архитектурата на најголемиот град Мадеира, изгледа прекрасно.

 

Write A Comment