Брисел се разликува од другите Европски градови по тоа што во него луѓето се многу љубезни, добро расположени и насмеани.
Голмиот плоштад е срцето на овој град е собиралиштето на туристи, а во сферата на архитектурата и уметноста е познат како најдрагоцената архитектонска целина во Европа. Иако се вели дека сите патишта водат кон Рим, Брисел е сепак раскрсницата на Европа. Патувањето, односно прекрасната прошетка по бриселските магични улици ги буди сите сетила, опушта и открива нова магија и убавина.
Овие улици пленат со прекрасни продавници со сувенири, со познатата белгиска чипка, а тука се и познатите пабови кои поради фантастичното пиво во флаши од еден литар, чија цена може да стигне и до 20 евра за литар, многу бројни ресторани, е нешто што неможе само на зборови да остане, туку мора да го искусите.

