ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500гр бисквити
* 4 жолчки
* 6 лажици шеќер
* 4 лажици брашно
* 0,5л млеко + млеко за топење на бисквитите
* 1 пакетче ванила
* 1 лажиче путер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Половина литар млеко, 4 лажици шеќер и путерот ставете ги да зовријат. Жолчките измешајте ги со 2 лажици шеќер, брашно и малку млеко (само да се направи смеса која може да се претура). Во врелото млеко полека додавајте ја смесата со жолчките, постојано мешајки. Варете околу 2 минути. Оставете да се излади.
Бисквитите потопувајте ги во топлото млеко и редете ги на тацна. Филувјате ги со изладениот фил и одозгора ставете уште еден ред бисквити. По желба може да украсите со шлаг. Одозгора изрендајте чоколадо или ситно исецкано овошје.
