ШоуБиз

Exit Festival прв во Европа!

EXIT го зема првото место во категоријата на најголемите европски фестивали на доделувањето на Европските фестивалски награди за 2013 година (European Festival Awards), која се одржа на фестивалот Eurosonic Noorderslag во Гронинген во Холандија. Новосадскиот фестивал себе ги остави некои од најголемите европски фестивали, како што се белгискиот фестивал Tomorrowland и унгарскиот Sziget. Публиката од цела Европа, заедно со жирито на EFA,  со заеднички гласови одлучија дека во конкуренцијата од 360 фестивали од цела Европа токму EXIT фестивал е најдобар!

Наградата во Гронинген ја прими директор на фестивалот, Душан Ковачевиќ, кој во оваа пригода изјави: „Би сакал да се заблагодарам на Европските фестивалски награди за оваа неверојатна можност да го претставам EXIT пред целиот свет. Исто така би сакал да се заблагодарам на фестивалската публика и членовите на жирито кои гласаа за нас. Некои од вас веќе знаат дека EXIT фестивал е единствен во светот, бидејќи настана како студентски проект за мир и слобода во Србија и на Балканот. Веруваме дека општествената одговорност на EXIT фестивал и понатаму е важна причина за нашето постоење. Поради тоа и ја посветувам оваа награда на сите верни љубители на EXIT фестивал, особено на оние од Србија и од Балканот, како и на нашиот Нови Сад, најдобриот град на светот, во кој EXIT се одржува од самиот почеток!“

Напиши коментар