Prison brake

Факти за смртта кои ќе ве интересираат

Иако не е претерано ведра тема, смртта е нешто што сите нас не очекува. Благодарејќи на фактите дека е едно место што е непознато за секој човек, на некој начин е и табу тема за денешните друштва. Неможеме да знаеме кога и како ќе се случи тоа, ниту пак знаеме што се случува во тој момент, но постојат некои претпоставки поврзани со смртта кои можеби ќе сакате да ги дознаете, а на едно место ги има собрано Huffington Post.

Постои научно објаснување зашто додека умира човек “животот прелетува пред очи”

Наместо мозокот да се умртви пред смртта, се верува дека неговата активност во тој момент расте, каде настанува на повисока свест. Тоа може да донесе до повеќе работи : пролетување животот пред очи или светлоста на крајот од тунелот, а се е тоа потмомогнато со дотокот на крв и кисик во очите.

Телото не посрамотува откако ќе умреме

Веројатно сте слушнале дека по смртта косата и ноктите продолжуваат да растат, но тоа не е вистина, односно, кожата на еден начин се собира и открива поголеми предели на влакна и нокти. Освен тоа, кога умира човекот, самото тело ќе изврши една или две нужди, зависи од полот, дури може и да ејактуира. Тоа се случува поради мозокот кој престанува да работи и нема контрола врз телото. Кај машките кога умираат со свртено тело према надолу крвта почнува да се собира во деловите на телото каде што е најблиску земјата и е можна ерекција. А ако ве интересира колку време е потребно да станете костур, отприлика после 1 недела кожата може многу лесно да се отстрани а веќе после месец дена почнуваат да отпаѓаат забите и после се останато.

Поблиску сме до бесмртноста отколку што мислите

Калико е Гуглов проект за бесмртноста или поточно проект кој се фокусира на здраството со посебен нагласок на истржување во процесот на стареење. Но, иако овој нивен почеток привлече многу големо внимание од медиумите, паралелно постои уште еден уште поголем проект, кој го води рускиот милијардер Димитри Исков. Он е одлучен по прашањата за бесмртноста,дека ќе успее до 2045 година и тоа така што, ќе гради андроидни тела во кои вашиот мозок ќе може да биде преместен ако и кога на телото нешто му се случи или остаре.

Постои можност да се разбереме погрешно кога некој всушност е мртов

Веројатно сте слушнале за случаите во кои луѓе кои биле прогласени мртви за да после тоа се вратат во живот. А баш на тоа е посветено едно ново големо истражување кое се занимава со можноста дека ние имаме погрешен впечаток кога некој е всушност мртов: во неколку случаеви луѓето кои се вратиле во живот можеле да го прераскажат разговорот кој се водел покрај нив во моментите кога нивниот мозок не покажувал знаци на живот. Тоа научниците ги натерало да помислат дека не постои момент на смрт, туку дека тоа е веќе процес кој се случува полека, додека се гасат поединечни функции.

Write A Comment