Овој неверојатен имот му припаѓа на познатиот глумец, Еди Марфи, а тој го изградил во 1998.година, во близина на Сакраменто…
Сега, ова волшебно место се продава по цена од 12 милиони долари. Главната резиденција зафаќа површина од 1200 метри квадратни со посебна куќа за гости од 520 метри квадратни. Фантастично уреден, овој имот добива уште поголема магија од погледот на подножјето на Sierra Nevada планините.
Оваа луксузна вила се состои од 10 спални соби, домашно кино со 12 места, гурманска кујна, соба за билјар, четири барови и третана со сауна и солена соба. Ќе се изненадите од погодностите на оваа мега луксузна вила, како што се мермерните подови и квалитетните килими.
Надвор се наоѓа инфинити базен, водопади, видиковци, кошаркарски и тениски игралишта.
\