Sweet Home

Фенг Шуи во спалната соба

Без телевизор

Телевизорот, компјутерот или направите за вежбање не се добредојдени, бидејќи “добрата” енергија се уништува со електрониката.

Положба на креветот

Креветот треба да биден сместен на најпогодното место, каде лесно ќе може да му се пристапи од двете страни.

Избегнувајте да го поставувате креветот во директна линија со вратата.

Рамнотежата на фенг шуи ќе ја осигурате и со добар душек и квалитетна постелнина од природни материјали.

Свеж воздух

Воздухот во спалната соба не смее да биде застоен, па затоа често проветрувајте ја собата за да имате доволно кислород.

Исто така, не се препорачува чување на растенија во оваа соба, освен ако не се сместени далеку од креветот.

Светло

Светлината е една од најсилните манифестации на енергијата. Во спалната соба би требало да имате неколку видови на осветлување.

Всушност, најдобриот избор се свеќите, но внимавајте да ги купите оние без токсини.

Бои

За да ја постигнете рамнотежата на фенг шуи, користете смирувачки бои.

Најдобрите бои за собата за спиење се таканаречените бои на кожата, односно, сите нијанси од бледо бели до чоколадно кафени тонови.

Доколку изберете некоја боја која спаѓа во рамките на овој спектар нема да погрешите.

Слики и фотографии

Сликите и фотографиите носат силна фенг шуи енергија, па затоа треба внимателно да ги одбирате.

Најдобри се оние слики кои го претставуваат тоа што би сакале да ви се случува во животот.

Затоа, освен ако сакате да бидете тажни и осамени, не поставувајте такви слики во вашата соба.

Write A Comment