Мода

Француски шик за време на Модната недела во Париз

Париз е е центар на светската мода во секое време од годината. Во моментов, сепак Неделата на модата во Париз е во полн замав и секоја жена сака да се издвои со уникатен стил и импресивна визија. Францускиот стил на облекување е образец за добар вкус и пример. Француската мода симболизира софистицираност, елеганција и талент за модерно облекување. Суштината на елегантниот француски шик во облеката треба да се почувствува и види, а тоа најдобро моеж да се направи токму за време на Неделата на модата во француската престолнина. Французинките не придаваат големо значење на променливите модни трендови, бидејќи голем дел од нивната гардероба се состои од фундаментално класични модели од квалитетен материјал. Токму тоа е нивното тајно модно “оружје”.

 

Напиши коментар