Дестинации

Француските Алпи – Рај за скијачите

Повеќето од популарните француски места за скијање се наоѓаат во поврзани серии и се состојат од одморалишта и хотели од секаков вид.

Многу од нив се навистина ексклузивни и на своите посетители им даваат опции за купување на специјални билети за да ја истражуваат околината и специфичните патеки за скијање и сноуборд, кои се исклучиво наменети за љубителите на адреналинот и недопрената природа.  Ви претставуваме некои од главните француски локации за забава на снег, а ваше е да одлучите која најмногу ви се допаѓа за да ја посетите!

Paradiski

70% од оваа локација се наоѓа на надморска височина поголема од 2000 метри, што гарантира квалитетна покриеност со снег. Погледот на импресивниот Мон Блан и големиот спектар на скијачки патеки со вкупна должина од 425 км, е сосем доволно да го задоволат секој скијач, без оглед на нивните способности и издржливост.

Les 3 Vallées

Ова е најголемата светска ски област со 600 км скијачки патеки и 180 жичари. Тука се наоѓаат многу снежни паркови, како и скијачки патеки наменети за оние кои сериозно се занимаваат со скијање и за оние неискусните, кои сакаат да се релаксираат и можеби да ги пробаат патеките за почетници.

Portes de Soleil

Оваа локација се наоѓа на Швајцарско-Француската граница и ви нуди искуство за скијање низ снежните планински шуми и долини. Можете да изберете совршена локација во зависност од тоа што преферирате, но важно е дека сите опции ви се на располагање. Вкупно, тука се наоѓаат 283 ски патеки, 197 жичари, 650 км одржувани патеки, 10 паркови полни снег и дури 90 луксузни хотели.

FRANCUSKI ALPI - SKIJAŠKI RAJ

FRANCUSKI ALPI - SKIJAŠKI RAJ

FRANCUSKI ALPI - SKIJAŠKI RAJ

FRANCUSKI ALPI - SKIJAŠKI RAJ

FRANCUSKI ALPI - SKIJAŠKI RAJ

FRANCUSKI ALPI - SKIJAŠKI RAJ

FRANCUSKI ALPI - SKIJAŠKI RAJ

FRANCUSKI ALPI - SKIJAŠKI RAJ

FRANCUSKI ALPI - SKIJAŠKI RAJ

FRANCUSKI ALPI - SKIJAŠKI RAJ

FRANCUSKI ALPI - SKIJAŠKI RAJ

FRANCUSKI ALPI - SKIJAŠKI RAJ

FRANCUSKI ALPI - SKIJAŠKI RAJ

FRANCUSKI ALPI - SKIJAŠKI RAJ

Напиши коментар