Како дел од напорите за помош на УНИЦЕФ, Бекам денес го посети Филипинскиот град Таклобан кој беше погоден од тајфун во ноември, а во кој загинаа повеќе од 6,200 луѓе оставајќи десетици илјади преживеани без покрив над главата. Бекам беше пречекан од стотици кои живеат во шатори поставени на стадион, обезбедени од Обединетите Нации.



Кратко откако 38 годишната икона позираше со деца во внатрешноста на бел шатор кој се користи како училница, децата му ги покажаа нивните уметнички дела.
“Трогнат сум бидејќи го посетив Таклобан, а луѓето тука се толку позитивни и покрај уништувањето кое го претрпеа. Околу 6 милиони деца се погодени а многумина ги изгубиле саканите”, изјави Бекам. “Сакам да им покажам на луѓето во целиот свет колку нивните великодушни донации имаат големо влијание на овие деца и нивните семејства и колку тие се благодарни за нивната љубезност”.


