Прекрасна мала куќа со футуристички дизајн, „поставена“ на морскиот брег во Лима, Перу. Куќата изгледа многу слатко, како мала кутија поставена на идеална локација. Изведена е во црвено бела комбинација, внатрешниот простор минимално уреден и совршен вграден надворешен базен. Има се што треба и ништо повеќе. Многу впечатлива изведба на внатрешните скали кои водат до вториот кат. Полека но сигурно нашите домови се менуваат и се сосема различни од она на што сме навикнале векови наназад.













