Like

Гавранот 007: Реши задача за која многумина би се измачиле (Видео)

За животните сме слушнале и сме учеле во училиште дека тие не можат да размислуваат и да ги решаваат задачите кои бараат поголеми ментални напори. Еден гавран би можел да ја сруши оваа илузија во која научивме да веруваме во текот на својот живот.

Доктор Алекс Тејлор во една специјална емисија на ББС направи еден од најсложените тестови, кој го стави пред гавранот за да го реши. Оваа сложена задача од осум чекори за која би се измачиле многумина, гавранот кого го нарекоа 007 ја реши без никакви потешкотии.

На крајот на оваа задача 007 доби награда парче храна кое навистина го заслужи. Гавраните се инаку познати како интелигентни птици.

Write A Comment