На војниците од Германија децидно им се забранија видливи пирсинзи и неуредна брада, порнографски тетоважи и иако модерните фризури се дозволени, сепак не доаѓаат во предвид.
Германската војска внесе нов правилник за начинот на облекување и однесување кој ќе почне да се применува од следниот месец. Според новиот „дрес код“ забранети се и импланти и декоративни осекотини. Овој правилник е ажуриран после многу години.
Војниците може да имаат тетоважа, но само ако е на дискретно место. Нема да се толерираат тетоважи со дискриминаторни и порнографски мотиви и содржини кои се спротивни од вредностите и нормите на Уставот и кривичниот законик. Широки персинг на увото е дозволен, меѓутоа под услов да може да се прикрие со фластер од ширина 15 милиметри. Што се однесува до брадата мора секогаш да е уредно потшишана.
Модерните фризури се дозволени, но не смеат да се пренападни, се наоѓа во правилникот на министерството, додека пак панк фризурите не доаѓаат во предвид.
