Културата може да се интерпретира и дефинира на сосема различни начини. Меѓутоа, може и едноставно да се каже – Дрезден.
Тука, големината и раскошноста на кутлурните добра се толку импресивни што посетителите остануваат без здив. А бидејќи граѓаните на Дрезден сето тоа го вклопиле во прекрасната сценографија, восхитот брзо ќе се претвори во воодушевување.
Светски познат не само по “големата тројка”, Цвингер, Семпер и операта Фрауенкирхе , туку и по Брилската тераса и резиденцијалниот замок, дворците на Елба на падината во Лошвиц, вилите во областа Блазевиц, како и делот на градот Хелрау со бројни градини, и секако, дванаесет музеи во рамките на државните уметнички збирки.
Дрезден е познат, речиси 700 години и по својата музика. Не само операта, туку и државната капела, филхармонијата и Кројчор одушевуваат со своите оркестри и ансамбли. Меѓународни фестивали, возбудливи театарски и танцови продукции и врвни настани, како што е балот во операта Семпер, се наоѓаат на репертоарот во текот на целата година.