Мода

Гламурозни тоалети од вашите соништа – Elie Saab Haute Couture шоу (видео)

Париската модна недела и оваа година блесна во сиот сјај, а особено во сјајот на моделите од либанскиот дизајнер Ели Сааб кој ја претстави својата Haute Couture пролет/лето 2014 модна колекција.

Пастелните бои – румено розови, сина и лила доминираат во неговата колекција, прошарани со везови и апликации на божествените тоалети пресечени на половината.

Сааб претставува синоним за сјајот на црвениот тепих, а оваа колекција нуди многу од тој сјај, како и обично.

Во продолжение погледнете го и видеото на целата ревија:

Write A Comment