Еден ден, еден човек отиде да посети една црква. Тој стигна таму рано, ја паркира својата кола и излезе. Друга кола пристигна во близина и возачот излезе од неа и рече: “Јас секогаш паркирам тука! Вие ми го земавте местото!”
Посетителот влезе во црквата, пронајде празно место и седна. Една млада жена од црквата му се приближи и му рече: “Тоа е мое место! Вие го земавте моето место! Посетителот малку се вознемири од ова непријатно добредојде, но не рече ништо.
По паузата, пред богослужбата, посетителот влезе во црквата и седна повторно. Друг член му се приближи и му рче: “Таму јас секогаш седам! Вие ми го земавте местото!”
Подоцна заедницата се молеше Исус да престојува меѓу нив, посетителот стана, и неговата појава почна да се менува. Ужасните лузни станаа видливи и на неговите раце и на неговите нозе.
Еден од заедницата го забележа и извика: “Што ти се случило тебе?”
Посетителот одговори, додека неговата капа стана круна од трње, и солза потече од неговите очи: “Го земав вашето место…”
