Здраво тело

Гоџи бобинки, извор за долг живот и добро здравје!!

Богатството на нутритиенти

Гоји бобинките се богати со антиоксиданси, амино киселини и есенцијални масни киселини. Содржат екстремно високи нивоа на витамин Ц, железо и многу други хранливи материи. Малата гоџи бобинка е една од најмоќните билки во светот и на прво место на американката скала – ORAC , која ги мери антиоксидантните својства на храната.

Во гоџи бобинките има:

  • 18 амино киселини (од кои 8 се есенцијални),
  • 21 минерали, вклучувајќи го антиканцерогениот германиум,
  • Повеќе протеини отколку интегралната пченица (13%),
  • Повеќе витамин Ц од портокалот,
  • Комплекс на Б витамини неопходни за претварање на храната во енергија,
  • Витамин Е (ретко се наоѓа во овошјето, главно во семките и житариците),
  • Циперон, кој благотворно делува на срцето и крвниот притисок и ги ублажува менструалните симптоми,
  • Солаветивоне, моќно антигабично и антибактериско соединение,
  • Физалин, активна состојка која штити од леукемија и хепатитис Б,
  • Бетаин, соединение кое црниот дроб го користи за продукција на холин, кое ја смирува нервозата, ја подобрува меморијата и штити од замастување на црн дроб. Бетаинот, исто така, го намалува ризикот од срцев удар и ја штити ДНК.
  • Комплетен спектар на антиоксиданси – каротеноиди, вклучувајќи бета каротен (подобар извор од морков) и зеакснтин (ги штити очите). Ова ги прави гоји бобинките најбогат извор на бета-каротен од сите познати намирници.
  • Бета-ситостерол, анти-воспалителни агенс. Бета-ситостеролот, исто така, се користи и за намалување на холестеролот во крвта, за лекување на импотенцијата и бенигно зголемената простата (БПХ).
  • Есенцијални масни киселини, кои се потребни за да се одржи производството на хормони за правилно функционирање на мозокот и нервниот систем.

Како и за што се поматаат Гоџи Бобинките:

  • го зајакнуваат имунолошкиот систем,
  • го успоруваат процесот на стареењето,
  • го спречуваат настанувањето на леукемија и други карциноми,
  • спречуваат болести на срцето и крвните садови,
  • ја регулираат функцијата на уринарниот тракт,
  • даваат сила и енергија,
  • имаат антибактериски и антивоспалителни својства,
  • ја подобруваат плодноста кај жените,
  • го подобруваат видот,
  • ја подобруваат циркулацијата во целиот организам,
  • штитат од појава на дијабет,
  • ја зголемуваат еластичноста и влажноста на кожата,
  • го подобруваат квалитетот на спермата.

За да уживаме во здравствени придобивки на гоји бобинките, потребна ни е сосема мала количина. Препорачаната дневна доза на гоја бобинките е 10-30 грама дневно. Меѓутоа не постои горна граница во конзумирањето на гоји бобинките. На пример, во кинеската медицина вообичаео се препорачува доза од 150 грама свежи бобинки дневно.

Напиши коментар