Прототипот на ваквите контактни лежи е само еден од неколкуте медициснку уреди коишто ги креираат во последно време повеќе компании за да им се овозможи на дијабетичарите помалку инвазивни методи за континуираното следење на нивото на шеќерот во нивната крв.
„Леќите имаат способност да ја следат концентрацијата на гликоза во организмот со анализа на солзата во окото. Сега дијабетичарите можат да го утврдат нивото на шеќер во крвта без да дадат крв”, се вели во прилогот на британскиот радио сервис BBC. Од Google соопштија дека производот ќе може да биде во подготвен за секојдневна употреба дури за околу пет години.
Леќите со помош на минијатурниот сензор за шеќер и безжичниот пренос овозможуваат постојано следење на нивото на шеќерот што ќе овозможи постојано прилагодување на дозите инсулин.
„Интерактивните контактни лежи имаат сензор за гликоза заедно со безжичен предавател кој информира за потребата од инсулинска инјекција”, вели еден од раководителите на проектот, Брајан Отис. Според него, еден од проблемите во развојот на проектот бол развојот на микроантените за пренос на податоците. Сепак, создаден е функционален прототип на ваквите леќи. Отис е убеден, пак, дека тие наскоро ќе бидат достапни на пазарите. Американската телевизиска мрежа CNN во прилогот посветен на овие „паметни” леќи наведува дека безжичната антена е потенка од влакно на коса кај човек, а електрониката е толку минијатурна што изгледа како отсјај на дамка. Извор од компанијата вели дека овие леќи можат да го мерат нивото на шеќер во крвта една во секунда, како и дека во Google работат на инсталирање LED светло во внатрешност на леќата коешто ќе трепка кога нивоата на шеќер се премногу ниски или високи.
