Мојата кујна

ГОТОВИ ЗА 2 МИНУТИ: Нутела колачиња од само 3 состојки!

Ова е многу едноставен и брз рецепт за слатки нутела колачиња. Можеби не е вообичаен за напите простори, но сигурни сме дека ќе ви се допадне!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

*1 шоља нутела

* 1 шоља путер од кикирики

* слатка павлака (не матена)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во посебен сад измешајте ги путерот од кикирики и нутелата. Загрејте ја слатката павлака така да не биде многу топла и додадете ја во претходната смеса од нутела. Се заедно добро измешајте, се додека не се соедини и не почне да се формира малку по цврста маса. Откако ќе завршите со мешањето, смесата ставете ја во плех и по желба формирајте голем правоаголник или коцка, а потоа ставете ја во фрижидер на 20 до 30 минути за да се излади и да се зацврсти.

Пријатно!

Напиши коментар