← НАЗАД НА БОЗА

Град кој вреди да го посетите – Мароко

Град кој вреди да го посетите – Мароко
392 Читања
Уживајте во раскошната убавина на историскиот град Мароко.

Зборуваме за Агадир, голем град во југозападниот дел на Мароко.

Поточно се наоѓа на брегот на Атлантскиот Океан, во близина на подножјето на Атласките планини, северно од местото каде што реката Соус се влева во океанот.

Како мајчин јазик граѓаните на Агадир го сметаат Берберскиот јазик.На Берберски јазик зборот Агадир значи ѕид, тврдина.

Овој град има суптропска клима, со топли лета и благи зими, а бидејќи е лоциран по должината на Атлантскиот Океан, Агадир има доста умерена клима.

Голем број историски знаменитости го красат овој посебен град, кои навистина вредат да се посетат.

Еден од навистина многуте хотели во овој град е Софител Агадир Ројалбеј, кој се издвојува по уникатниот амбиент и удобноста што ги нуди.

Софител Агадир Ројалбеј се наоѓа на плажа, околу 10 минути возење со автомобил од центарот на градот.

Опкружен со голема градина и познатиот песок на брегот Агадир, ова одмаралиште претставува совршена локација за релаксирање и уживање во природата.

Овој хотел не е само место за релаксација, туку и центар каде што бизнисмените ги вршат своите обврски, се одржуваат бизнис состаноци во посебните конференциски сали.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk