Сместен на рајското хавајско место Koloa, Grand Hyatt Kauai resort & Spa е оаза на луксузот и стилот…
Близу до прекрасните планини, како и топлото, азурно море, овој ресорт е опкружен со бујни тропски градини. Неговата локација е како парче рај од земјата. Само тие елементи се доволни ова место да ви се допадне на прв поглед, а доколку на тоа го додадете и прекрасно уреденото и декорирано луксузно сместување и услуга, ќе сватите дека овој спа центар е навистина совршен. Се состои од светли и добро опремени соби и апартмани, со поглед кон градината или океанот, што ова место го прави идеално за семеен одмор, но и за романтично уживање.
Освен прошетка по прекрасното окружување на овој спа ресорт, постојат многу активности во кои можете да учествувате во текот на вашата посета. На пример, можете да уживате во партија голф, а Anara спа центарот е отворен со цел да ве разгали и да ви подари нова енергија.