ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1кг компири
* Црн домат (околу 350гр)
* 1 главица кромид
* 2 чешниња лук
* 4 лажици маслиново масло
* 500гр мелено јагнешко или јунешко месо
* 3 стебленца оригано
* 500гр пире од домати
* половина лажиче цимет
* 2 или 3 поголеми домати
* 2 лажици путер
* 2 лажици брашно
* 350гр млеко
* 1 лажица зеленчуков зачин
* 2 јајца
* 75гр пармезан
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирот, без да го лупите, варете го околу 20 минути. Црниот домат исечете го на тенки парчиња, оставете го на хартиена салвета да се суши 15 минути, а потоа испржете го во врело масло и зачинете го со малку бибер. Лукот и кромидот исечете ги на ситни парчиња. По варењето извадете ги компирите и измијте ги со ладна вода.
Една лажица од маслиновото масло загрејте во тавче и потоа ставете го меленото месо, лукот и кромидот, заедно со ориганото и по желба малку бибер. Измешајте го со пирето од домати и пржете го 5 минути, додадете цимет и измешајте ја смесата. Компирот исечете го на кришки, а доамтот на кругови.
На умерена температура стопете го путерот, измешајте го брашното и крстко пршете го. Без да запирате со мешање во смесата додадете млако, 250гр вода и зеленчуковиот зачин за супа. Додаете сол и бибер по желба. Измешајте ја смесата и варете 5 минути. Тргнете ја смесата од огнот и измешајте добро.
Подгответе го садот за печење. Дното и ивиците одвнатре премачкајте ги со маслиново масло. Прво наредете го компирот, а потоа распоредете го месото, а врз него наредете го црниот домат и доамтите кои претходно сте ги подготвиле. Откако ќе завршите, муската прелијте ја со белиот сос претходно подготвен и посипете ја со пармезан преку целата површина. Печете во рерна на 175 степени 40 минути.

