Убавина

Грешки кои доведуваат до дехидрирана и испукана кожа во зима

Во зима не е воопшто лесно да се зачува убава и мека кожа. Времето и сувиот воздух во домовите и канцелариите имаат свое влијание, па затоа повеќето жени страдаат од непријатност, затегање, дехидрирана кожа и перутање на лицето.

Ова може да се случи без оглед на типот на кожата, а доколку и вас ве мачи овој проблем, избегнувајте ги следните грешки:

1. Не нанесувате хидратантна крема на лицето барем два пати во текот на денот

2. Не пиете доволно вода

3. Не ја отстранувате шминката пред спиење

4. Го изложувате лицето на ветер (без крем и пудра)

5. Се занимавате со зимски спортови без крема за заштита од УВ зраци

6. Често уживате во топли купки или тушеви

7. Не го мачкате телото со крема или лосион после туширање

8. Не користите пилинг за да ги отстраните мртвите клетки од кожата на лицето

9. Користите крема која што ја суши кожата (призводи за матирање на кожата)

10. Користите агресивни производи за чистење на лицето.

Write A Comment