Американската пејачка Гвен Стефани (44) и нејзиниот сопруг – британскиот музичар Гавин Росдел го очекуваат и своето трето дете.
Тие имаат две момчиња – Кингстон (7 години) и Зума (5 години). Се очекува да добијат и братче, но кога – не е соопштено. Но според набљудувачите на нејзините последни фотографии сепак се очекува бебето да се појави по неколку недели.
Позната како вокалистка на групата No Doubt, Гвен Стефани која се истакнува и како дизајнерка, објави слика на “Инстаграм” со круна на главата. Сликата беше придружена од натписот: “Бев подготвена да ја предадам круната. Очигледно сепак ќе останам уште некое време кралица на куќата. Очекувам момче”.
Од претходната врска Росдел има 24-годишна ќерка – манекенката Дејзи Лоу.