Направи Сам

Хималајска сол и лимон, единствена комбинација за цврсти нокти

Здравите, цврсти и блескави нокти се основна карактеристика на убавите раце.

Доколку забележите дека ноктите ви пожолтуваат и се склони кон кршење, тоа значи дека имаат потреба од интензивна нега.

Денеска ќе ви го откриеме рецептот кој ќе ги направи вашите нокти поцврсти.

Измешајте една лажица хималајска сол со една супена лажица лимонов сок и половина литар топла вода. Потопете ги ноктите во оваа течност и задржете ги околу 15 минути. Исплакнете ги добро (само без сапун) рацете, нанесте богат слој на крем.

Ноктите може да ги масирате со маслиново масло, кое дополнително ќе ги хидрира.

Повторувајте го процесот на секои два дена во продолжение на две недели и ноктите ќе ви станат поздрави и поцврсти.

Напиши коментар