Здраво тело

Холестеролот зависи од годишното време!

Сигурбно не сте знаеле, но истражувањето на американските научници, објавени во “Архивите на интерната медицина”, сугерира дека нивото на холестеролот варира во текот на годината.

Истражувачите во период од една година спровеле повеќекратни тестирања на нивото на холестеролот кај 517 здрави испитаници. Сите учесници во истражувањето биле внимателно набљудувани за да може да се уочат евентуалните промени во исхраната или стилот на на живеење за време на студирањето, но тоа не се случило.

Утврдено е дека нивото на холестеролот се менува во текот на годината, така што највисоко е преку зимата, а најниско е преку летото.

Варијациите биле најголеми кај лицата што имале високо ниво на холестерол во текот на летото.

Кај 22% од испитаниците, било константирано дека во текот на зимата имаат ниво на холестерол кое е поголемо од препорачаното, додека преку летот тоа било на нормално ниво.

Според зборовите на истражувачите, тоа би можело да значи дека на некои пациенти погрешно им е дијагностициран висок холестерол, па им било речено дека имаат зголемен ризик од заболување од болести на срцето.

Напиши коментар