Motherhood

Хороскопот и карактерот на вашето бебе

Ви се случило ли некогаш да не знаете што сака вашето бебе или зошто плаче. Најтешкиот дел од мајчинството е да се разберат малите ангели бидејќи тие не знаат да зборуваат. Но малку од помош може да Ви дојдат информации за нивниот хороскоп. Тие можат да Ве научат нешто за карактерот и потребите на вашето дете.

Овен

Од ова мало „ѓаволче“ не очекувајте да седи мирно и да си игра со играчки, зашто тоа нема никогаш да се случи…. никогаш. Ова малечко е родено во огнен знак, неговиот темперамент ќе значи дека тоа секогаш ќе биде во движење, а веројатно е дека тешко ќе го научите да ги дели своите работи со друг. Бебињата родени во овој знак имаат потреба  да бидат во центарот на вниманието и скоро секогаш го остваруваат тоа што ќе го имат на ум, па родителите треба да бидат особено внимателни.

Бик

Бебињата во знакот на Бик имаа огромна потреба од допир и нежност, а со тоа и потребата постојано да го галите и бакнувате. Биковите сакаат удобност и совршеност и затоа се препорачува на вашето малечко да му обезбедите соба во која ќе има идеална температура, удобен кревет и интересни играчки. Бидејќи ја сакаат совршеноста потребно е се да им е добро средено и стокмено. Не грижете се доколку вашете бебе не ги знае оние работи кои другите негови врсници веќе ги знаат, бидејќи биковите новите работи ги учат и прифаќаат пополека и на свој начин.

Близнаци

Друштвени бебиња, успеваат да  комуницираат уште од првите денови. Љубопитноста и истражувачкиот дух ги прават неподносливи доколку нема ништо интересно, веднасш им станува досадно. Сакаат игри во група со повеќе играчи тоа ги прави најсреќни.

Рак

Емотивноста е нивна слаба страна, честопати ги ставаат на прво место кога станува збор за плачењето. Затоа на родителите им се препорачува нивното мало ракче постојано да се чувствува заштитено и да не се дозволат негативни вибрации во негова близина. Малите ракчиња се приврзуваат за домот таму се чувствуваат најсигурно, доколку се најдат на друг непознат простор знаат да бидат многу ќутливи и повлечени или екстремно плачливи.

Лав

Бибињата лавови сакаат да бидат во центарот на вниманието. Удобноста и пријатно чувство на сигурност му се единствените работи кои ги бара од Вас. Доколку му создадете таква атмосфера лавот во мало ќе биде вистински водач на сите активности во домот. Лавовите често изненадуваат со својата неверојатна интелигенција, а Вие ќе бидете постојано на штрек од неговите неверојатно интересни изданија.

Девица

Честопати раздразливи и нервозни, но тоа е единствениот начин да станат перфекцинисти. Не сакаат отстапувања од дневните рутини, особено кога станува збор за храната, но и за другите нивни потреби. Оставете ги сами и ќе бидете изненадени како можат сами да си создадат свој свет на игри и забава. Не сакаат големо внимание од околината доколку им се задоволат нивните рутински побарувања.

Вага

За разлика од девиците, бебето вага ужива во вниманието на другите без разлика каде се наоѓа. Шармантноста им е најјака страна и не бидете зачудени доколку често бидат во центарот на вниманието. Вистински дипломати, неодоливо слатки, често насмеани и верувајте дека се што е потребно е само да му ја задоволите потребата од луѓе.

Скорпија

Овие бебиња мора да бидат во центарот на вниманието. Најмистериозното бебе е бебето скорпија, Вие никогаш нема да бидете сигурни што му е потребно и зашто плаче. Но верувајте тоа што им е потребно сами ќе го извлечат од вас, ќе ве изманипулираат до бесвест, бидејќи се неверојатно паметни и моќни. Затоа родителите мора да бидат особено внимателни!!!

Стрелец

Безгрижноста и амбициозноста се јаките квалитети на овие бебиња. Независноста и слободниот дух се доволен предуслов да Ве изненадат со брзината на совладување на одењето, говорот и постапките. Сакаат отворен простор, не се чудете ако ве тераат шостојано да ги шетате, тие само сакаат да ја запознаат подобро нивната животна околина. Често сакаат да се кријат и нечесто бегаат од видикот на родителите. Затоа бидете внимателни кога ги пуштате сами да го истражуваат просторот.

Јарец

Најдисциплираниот хороскопски знак. Методичноста и организираноста се вистински алфа и омега на бебето јарец. Ова бебе е можеби најдосадно бебе од сите други бебиња. Не сака да го терате да учи на Ваш начин, тоа ќе води инат. Затоа бидете трпеливи и ненаметливи, бидејќи јарецот си има свое темпо на живот кое е специфично за неговата природа. Овие малечки се секогаш концентрирани и вредни без разлика што прават.

Водолија

Самотници, сакаат самите да си го организираат времето. Не сакаат зависност од други. И кога плачат не сакаат да добиваат поддршка тоа уште повеќе ги раздразнува. Вистински бунтовници, не почитувајќи ги барањата на другите. Мрзат навики и затоа потребно е уште од мали да им се наметнуваа социјализација на лесен и суптилен начин.

Риби

Наизглед се плачковци без причина, но тоа е дел од нивната природа. Срамежливоста ги тера сите емоции да ги чуваат само за себе. Многу се грижливи и чувствителни на сè што се случува околу нив и затоа на родителите им се препорачува да избегнуваат нервозни испади пред своето бебе. Често бегаат од реалноста и фантазираат.

Напиши коментар